Дома Фудбал Омерагиќ и Пандев купија 400 билети за мечот меѓу Македонија и Велс

Омерагиќ и Пандев купија 400 билети за мечот меѓу Македонија и Велс

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе излезе на теренот на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде од 20:45 часот ќе се соочи со селекцијата на Велс во рамки на второто коло од квалификациите за Светското првенство 2026.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука сите средства собрани од продажбата на билетите за овој натпревар да бидат наменети како финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани.

Се очекува стадионот утре да биде исполнет со околу 20.000 гледачи, кои преку своето присуство не само што ќе ја поддржат репрезентацијата, туку и ќе дадат свој придонес за хуманата цел. Во знак на солидарност, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, заедно со спортскиот директор Горан Пандев, купија вкупно 400 билети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откако ја понижи БиХ следеше целосен пресврт: Американската водителка повторно се јави со порака

Абигејл Велез призна дека отишла предалеку во најавата за натпреварот САД – Босна и …