Дома Фудбал Оливие Жиру жртва на еден од најтешките грабежи во спортскиот свет последниве години

Оливие Жиру жртва на еден од најтешките грабежи во спортскиот свет последниве години

Познатиот француски фудбалер Оливие Жиру беше мета на една од најтешките грабежи што ги погодија спортистите последниве години, а сето тоа се случи во неговата вила во Лос Анџелес.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Жиру минатата година се пресели во Соединетите Американски Држави и го носи дресот на Лос Анџелес. Французинот пристигна тука по успешните години во Милан, Челси и Арсенал.

Но, пред околу десетина дена Жиру беше на мета на крадци и остана без сериозен имот. Детали дури сега излегоа во јавноста, а ТМЗ Спорт известува дека светскиот шампион останал без имот вреден дури половина милион евра.

Сето тоа крадците го изнеле од неговата вила. Крадеците го разбиле прозорецот на неговата куќа на 5 февруари, додека никој од семејството не бил присутен, и одзеле имот вреден половина милион евра, од кои најмногу накит.

Полицијата веднаш започна истрага, но досега никој не е уапсен. Ова е продолжение на серијата грабежи на познати спортисти ширум САД, на што властите сè повеќе укажуваат последно време, но грабежот на Жиру дефинитивно е една од најтешките.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нема повеќе дилеми? Влаховиќ останува во Јувентус, но под еден клучен услов

Во изминатиот период, иднината на Влаховиќ беше една од главните теми на фудбалскиот пазар…