Дома Фудбал Oливер Кан сака да го купи гигантот кој поминува тешки денови, одбиле 30 милиони евра

Oливер Кан сака да го купи гигантот кој поминува тешки денови, одбиле 30 милиони евра

Легендарниот германски голман Оливер Кан наскоро би можел да стане сопственик на еден клуб, а се работи за паднатиот француски великан Бордо.

Кан, според медиумите во Франција, излезе пред челниците на Бордо со понуда од 30 милиони евра која била одбиена, но преговорите ќе продолжат.

Според неофицијални информации, сегашниот сопственик на жирондинците Жерар Лопез ја одбил понудата затоа што пристигнала “без доказ за парите”, јави РМЦ Спорт.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


“Веќе подолг период сме во интензивни преговори со сопствениците и акционерите за потенцијалното купување на удели во клубот. Ситуацијата е многу комплицирана, но направивме прв чекор со понудата од 30 милиони евра. Целта е да го вратиме клубот во првата лига во наредните неколку години. Се сметаме за дел од решението и сигурен сум дека можеме да го најдеме”, изјави Кан, кој целиот процес се обидува да го заврши со помош на неговиот деловен партнер Жак-Анри Еро, поранешен претседател на Олимпик Марсеј.

Кан е без ангажман од април 2023 година, откако замина од Баерн Минхен кога доби отказ на позицијата генерален директор, а неговиот влез во Бордо би бил големо изненадување со оглед на тоа што францускиот великан по банкротот се натпреварува во 4. лига која е аматерска.

По 24 одиграни кола во нивната група од 4. лига, Бордо се наоѓа на третото место со освоени 39 поени, шест помалку од лидерот Сент-Мало.

Главната ѕвезда на тимот е англискиот напаѓач Енди Керол, кој постигна 10 голови на 15 натпревари во четвртата лига.

Бордо шест пати бил шампион на Франција, последен пат во 2009 година, а од елитната лига испадна во 2021 година.

За Бордо, меѓу другите, играле големи асови како што се Ален Жирес, Жан Тигана, Кристоф Дугари, Педро Пауљета, а секако најголемо име е Зинедин Зидан.

Фото: Bayern Munich

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Говото: Се е спремно за потписот на Ван Дајк

Сите детали за новиот договор на Вирџил ван Дајк со Ливерпул се утврдени и документите се …