Дома Фудбал Oфицијално: Легендарниот Холанѓанец нов селектор на Индонезија

Oфицијално: Легендарниот Холанѓанец нов селектор на Индонезија

Холандскиот тренер Патрик Клајверт е новиот селектор на репрезентацијата на Индонезија, соопшти денес Фудбалскиот сојуз на Индонезија (PSSI).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во соопштението се наведува дека Клајверт потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште две сезони. Негови помошници ќе бидат холандските тренери Алекс Пастор и Дени Ландзат.

Клајверт (48) ќе дебитира на клупата на Индонезија на 20 март во натпреварот против Австралија во квалификациите за Светското првенство 2026 година.

Индонезија се наоѓа на третото место на табелата во групата Ц на азиските квалификации за СП 2026 со шест бода од шест натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потег кој никој не го очекуваше: Челси понуди 80 милиони за ѕвездата на Барса, па веднаш добија одговор

По разочарувачката сезона, во Челси работат со полна пареа кога станува збор за засилувања…