Дома Фудбал Официјално: Филипо Инзаги има нов клуб, повторно ќе се бори за Серија А!

Официјално: Филипо Инзаги има нов клуб, повторно ќе се бори за Серија А!

Добро познатиот италијански стратег, Филипо Инзаги, е новиот тренер на Палермо!

Инзаги, кој има 51 година, само пред четири дена замина од Пиза, каде што успеа да го доведе клубот до Серија А во сезоната 2024/25.

Според италијанските медиуми, Палермо платиле отштета од еден милион евра на Пиза за Инзаги, при што тој потпиша долгорочен договор.

Палермо се под сопствеништво на “Сити групацијата”, и во сезоната 2024/25 го завзема осмото место во Серија Б.

Гледано на кариерата на Инзаги, тој до сега ги предводел Милан, Венеција, Болоња, Беневенто, Бреша, Реџина, Салернитана и Пиза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски: Посилна репрезентација не гостувала во Скопје, не сум задоволен со дел од моите играчи!

Македонија со пораз од 0-3 од Швајцарија ја започна новата сезона во Лигата на нации. Наша…