Дома Фудбал Официјално: Порто ќе бара нов тренер

Официјално: Порто ќе бара нов тренер

Порто денеска објави дека го отпуштиле тренерот Витор Бруно, поради последователните порази од нискорангираниот Насионал и Жил Висенте, притоа што двојните победници на Лигата на шампионите се трети на табелата во Португалија по 18 натпревари. Бруно во јуни минатата година потпиша договор на две години, заменувајќи го Серхио Консеисао, кој замина од клубот по седум сезони за време на кои освои 11 трофеи, вклучувајќи три титули шампион на Португалија.

Порто е 12-тиот клуб кој оваа сезона го смени тренерот, вклучувајќи ја и Бенфика, која во август, по две кампањи, го отпушти германецот Рожер Шмит, како и Спортинг, кој во ноември го загуби Рубен Аморим кој го презеде Манчестер Јунајтед. Односот на Бруно со играчите се влоши откако Порто испадна од Лига купот по поразот од Спортинг со 0:1 во полуфиналето, а играчот од средниот ред, Пепе, го критикуваше тренерот на социјалните мрежи.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Порто, кој е една од 32-те екипи кои се квалификувале за проширеното Светско клупско првенство 2025 (од 15 јуни до 13 јули), игра против Олимпијакос во четврток во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ла Лига ги избра најдобрите голови во дербито на Мадрид – сите ги постигнал Реал! (Видео)

Вечерва од 21:00 часот се игра традиционалното мадридско дерби меѓу Реал Мадрид и Атлетико…