Дома Фудбал Oфицијално: Легендарниот Холанѓанец нов селектор на Индонезија

Oфицијално: Легендарниот Холанѓанец нов селектор на Индонезија

Холандскиот тренер Патрик Клајверт е новиот селектор на репрезентацијата на Индонезија, соопшти денес Фудбалскиот сојуз на Индонезија (PSSI).

Во соопштението се наведува дека Клајверт потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште две сезони. Негови помошници ќе бидат холандските тренери Алекс Пастор и Дени Ландзат.

Клајверт (48) ќе дебитира на клупата на Индонезија на 20 март во натпреварот против Австралија во квалификациите за Светското првенство 2026 година.

Индонезија се наоѓа на третото место на табелата во групата Ц на азиските квалификации за СП 2026 со шест бода од шест натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА не попушти за Паредес: Остануваат десетте меча суспензија

Аргентинската жалба донесе олеснување само за Науел Молина, чија казна е намалена од седум…