Јоже Мурињо беше казнет со четири натпревари поради инцидентот во дербито меѓу Фенербахче и Галатасарај. Дел од суспензијата е поради неговата изјава дека луѓето од клупата на Галатасарај „скокале како мајмуни“ според кажувањата на Португалецот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од Галатасарај го прикажаа ова како расизам. Останатите два натпревари суспензија се резултат на коментарите на „Специјалниот“ за турските судии.
Мурињо кажа дека влегол во собата на судиите по натпреварот и на четвртиот судија му рекол: „Ако дербито го судеше турски арбитар, ќе беше целосна катастрофа.“
Интересно е што веста за казната се појави прво во италијанските медиуми, а засега нема потврда од Фенербахче или авторитетни извори во Турција.