Дома Македонски спорт Одличен старт на сезоната за Иџе – едно четврто и едно петто место во Монца

Одличен старт на сезоната за Иџе – едно четврто и едно петто место во Монца

Игор Стефановски-Иџе, најдобриот македонски автомобилист, со два добри трки во Монца ја започна новата сезона во Европскиот шампионат на кружни патеки (ЕТЦЦ).

Иџе, во Монца, првата трка ја затартуваше од седмата позиција, а на крајот успеа да го освои четвртото место.

Втората трка тој ја заврши на петтата позиција. Веројатно ќе си обезбедеше место на подиумот, но имаше излетување во еден свиок, поради што назадуваше за три место, за на крајот да стигне до петтата позиција.

Наредната трка во ЕТЦЦ шампионатот ќе се вози во Унгарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Егоров повторно на 57 кг, Македонија со седум адути за светскиот собир во Астана

Шест борачи и Вероника Консевич ќе ја претставуваат Македонија на сениорскиот Мундијал од …