Дома Фудбал Одегард мора на подолга пауза, дали е време за Езе?

Одегард мора на подолга пауза, дали е време за Езе?

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, ќе мора да направи подолга пауза.

Норвежанецот беше заменуван три пати по ред во натпреварите од Премиер лигата, а станува збор за потешка повреда отколку што првично се мислеше. Наводно, паузата ќе трае минимум еден месец, а можеби дури и осум недели.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Така, Одегард ќе пропушти значаен број натпревари во следниот период. Се спекулира дека ќе биде подготвен дури по ноемвриската репрезентативна пауза, која започнува на 8 ноември. Дотогаш нема да игра против Фулам, Атлетико Мадрид, Кристал Палас, Брајтон во Лига купот, Барнли, Славија од Прага, како и на гостувањето кај Сандерленд.

Се очекува сега Еберечи Езе да добие поголема минутажжа и да го замени Норвежанецот на позицијата “десетка”. Меѓутоа, не треба да се заборави ни на Микел Мерино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Буфон скршен од болка, емотивно се збогуваше од Манингер

Поранешниот голман на Јувентус и Арсенал, Александар Манигер, загина во сообраќајна несреќ…