Дома Фудбал Останато Од што се направени семејството Нурмагомедов – Овој удар би „запал“ цел свет, но не и Умар (Видео)

Од што се направени семејството Нурмагомедов – Овој удар би „запал“ цел свет, но не и Умар (Видео)

Умар Нурмагомедов победи на настанот УФЦ 321 во Абу Даби против Марио Баустиста со едногласна судиска одлука, но во втората рунда Дагестанецот беше на граница од нокаут. ‘Целиот свет’ би го успал овој удар, но не и еден член од семејството Нурмагомедов.

Умар Нурмагомедов ќе добие нова шанса за напад на појасот во бантам категорија на УФЦ којшто го држи Мераб Двалишвили и кој му го нанесе единствениот пораз во кариерата во јануари.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Спектакуларен настап имаше 29-годишниот Дагестанец минатата ноќ во Абу Даби. Марио Баустиста беше буквално прегазен во октагонот.

Погледнете го овој навистина неверојатен момент кога Умар доби тежок удар. Мнозина би заспале по овој, но не и тој.

Набрзо, чудесниот Дагестанец беше на нозе. Продолжи да доминира во борбата и на крајот ги доби сите три рунди за нов триумф.

Умар Нурмагомедов сега има однос 19-1, но што е за него најважно, повторно ќе има шанса да го нападне појасот кој го држи Мераб Двалишвили, иако не доминираше онака како што знае.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

(Видео) Нова снимка од масовната тепачка меѓу тимот на Мекгрегор и Дагестанците

Пред да започне главната борба на УФЦ 322 настанот се случи голем инцидент, кога се судриј…