Aитана Бонмати која ја освои „Златната топка“ стана најплатена фудбалерка со новиот договор кој го потпиша со Барселона, објави „ЕСПН“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанската фудбалер имаше договор со каталонскиот гигант до 2025 година, но за неа интерес покажуваа бројни клубови, а како најсериозен се истакнуваше Челзи.
Сепак, Барса немаше намера да и дозволи да замине, па и даде договор со подобри услови.
Од младинските категории Бонмати е во Барселона, а за првиот тим има 269 натпревари и 95 постигнати погодоци. Со Барселона освои пет титули во Шпанија и три во Лигата на шампионите.
Точните бројки од договорот засега не се откриваат.