Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката за ова престижно признание се пет имиња во машка и женска конкуренција.
Помеѓу мажите номинирани се шахистот Тони Лазов, кикбоксерот, Бобан Илиоски, атлетичарот Дарио Ивановски, кајакарот Ангел Петрушев и голманот Столе Димитриевски.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
За признанието во женска конкуренција ќе се борат: Таеквондистката Милјана Рељиќ, каратистката Михаела Мишовска, ракометарката Сара Ристовска, кикбоксерката Леа Бошевска и фудбалерката Наташа Андонова.
Покрај двете главни награди, ќе се доделат и признанија за млад спортист и спортистка на годината, најуспешен женски и машки национален тим, најуспешен спортист со инвалидитет, најуспешен тренер или селектор и најуспешна спортска федерација.
Во конкуренција за најдобар селектор номиниран Благоја Милевски, селекторот на фудбалската А репрезентација на Македонија,