Вечерва Агенцијата за млади и спорт ги прогласуваше најдобрите спортисти и федерации за 2020 година.
Во овој избор гласаа стручниот спортски совет и македонските ТВ, печатени и оналјан медиуми. Очекувано доминираше фудбалот поради пласманот на репрезентацијата на Европското првенство наредната година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Горан Пандев беше избран за спортист на годината, селекторот Игор Ангеловски за тренер годината, фудбалската репрезентација за тим на годината, а Фудбалската Федерација на Македонија го освои признанието за најдобра федерација.
Вероника Костовска беше избрана за најдобра спортистка на годината.
Најдобар спортист од лицата со инвалидитет е шахистот Владимир Тркаљанов, за млад спортст беше избран каратистот Роберто Ацковски кои освои брозен медал на Европското првенство карате. Каратиската Магдалена Божиновска беше избрана за млада спортиска на годината.