Кик-боксерот Бобан Илиоски и светската шампионка во бодибилдинг Мери Акиевска се прогласени за најдобри спортисти на Македонија за 2023 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На свечената церемонија на 69 издание во изборот на најдобар спортист на годината на Македонија статуетките им беа доделени на кик-боксерот Илиоски кој оваа година донесе злато од Светското првенство, а Акиевска е веќе трикратна светска шампионка во бодибилдинг.
Каратистот Витомир Трајковски е прогласен за најдобар млад спортист, а таеквондистката Милијана Рељиќ за најдобара млада спортистка.
Најуспешен женски национален тим е сениорската селекција на Македонија, а во машка конкуренција признанието го доби одбојкарската сениорска репрезентација.
Дејан Митровски (кик-бокс и маи таи) е најуспешен тренер-селектор, додека за најуспешна национална спортска федерација е избрана Одбојкарската федерација на Македонија која беше кодомаќин на Европското првенство. За најуспешен спортист со инвалидитет е избран пливачот Андреј Стојановски.