Манчестер Сити ги објави добитниците за оваа одлична сезона, а немаше никакви дилеми кога во прашање беше играчот на сезоната.
„Граѓаните“ оваа сезона немаа конкуренција во Премиер лигата, сега за најдобар играч во нивниот тим беше избран Кевин Де Брујн.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Белгиецот беше еден од главните кандидати за освојување на наградата и најдобар играч во сезоната, но немаше шанси покрај оваа сезона чудесниот Мохамед Салах.
Зад себе во гласањето ги остави своите соиграчи Лерој Сане и Давид Силва кои исто така беа одлични во сезоната која изминува.
Иначе, Де Брујн оваа сезона запиша 52 настапи, постигна 12 голови и подели неверојатни 21 асистенција.