Oткако селекцијата на Англија забележа пораз во полуфиналето на СП од Хрватска, Анличаните, посебно таблоидите започнаа да се пишуваат за луди теории на завера и одат толку далеку што тврдат дека Хрватска би требало да биде исфрлена.
Како можни причини го наведуваат тоа што Анте Ребиќ добил два жолти картини, но не бил исклучен, како и случајот на Домагој Вида за кој се бараше суспензија поради слоганот „Слава Украина“. Сметаа и дека голот на Перишиќ за 1:1 би требало да биде поништен поради прекршок во напад.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, јасно е дека таквите тврдења и немаат некоја основа. Всушност наводниот прв жолт картон на Ребиќ во 48 минута го доби Марио Манџукиќ. Тоа во текот на преносот не беше најдобро забележано, но после прегледот на ВАР беше утврдено дека Манџукиќ е тој кој бил опменат.
Вида од ФИФА беше ослободен од било каква вина и му беше дозволено да игра против Англија, па ниту тука нема никакви контроверзии.
Кога е голот на Перишиќ, веројатно само Англичаните гледаат прекршок во таа ситуација..