Дома Фудбал Англија Oчаен навивач на Ливерпул во емисија бараше трофеј за Ливерпул, водителот му се изнасмеа! (ВИДЕО)

Oчаен навивач на Ливерпул во емисија бараше трофеј за Ливерпул, водителот му се изнасмеа! (ВИДЕО)

Одредени навивачи на Ливерпул се толку очајни кога во прашање е трофејот за шампион на Англија што сметаат дека би требало да го добијат и ако завршат како второпласирани.

Еден од тие е навивачот по име Камерон. Тој се јави во емисијата „талксСпорт“ која ја води Енди Голдстеин и го изнесе своето мислење.
Тој зборуваше дека Ливерпул би требало да го добие пехарот затоа што дури ниту Фергусон не освоил никогаш 97 бодови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова е неверојатна трка за титулата. Мислам дека би требало да го добиеме трофејот ако завршиме второпласирани. Ако освоиме 97 бодови, тоа ќе биде астрономски. Сер Алекс Фергусон никогаш не освоил толку“, зборуваше навивачот, а потоа „удри“ по Манчестер Сити.

„Потрошија толку многу пари. Ние играме полуфинале во Лигата на шампионите, што играат тие? Ја освоивме Лигата на шампионите пет пати“, порача Камерон.

Кога Голдстеин го праша како би се викал тој трофеј за второпласираниот тим, Камерон имаше јасен одговор.

„Не ни е потребно име, само треба да ни го дадат“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…