Барселона вчера вечер го отпушти Роналд Куман после поразот од Рајо Ваљекано.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На големо во медиумите се најавува дека Чави Хернандез ќе биде наследникот на холандскиот стратег, наводно веќе има и договор. Сепак, додека не биде се и официјално клубот назначи човек кој ќе ја извршува функцијата прв тренер.
Серхи Барухан кој го водеше „Б“ тимот на Барселона привремено ќе работи со првиот тим на каталонскиот гигант. Првиот предизвик за Барухан на клупата на Барселона ќе биде натпреварот со Алавес во сабота.