Дома Трансфер зона Oфицијално: Севиља го врати Ракитиќ за „ситно“

Oфицијално: Севиља го врати Ракитиќ за „ситно“

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ ја напушти Барселона после шест години и се врати во Севиља.

Ракитиќ летото 2014 година токму од Севиља пристигна на „Камп Ноу“, но сега дојде време да си замине. Во турбулетниот период Ракитиќ е помеѓу првите кои ја напуштија Барселона.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Трансферот е официјално потврден од страна на двата клуба.

Барселона ќе добие само 1.5 милион евра за Рактииќ и евентуално девет милиони евра преку бонуси. Ракитиќ со Севиља потпиша договор до 2024 година.

За времето во Барселона Хрватот беше повеќе од успешен и освои 13 титули. Одигра 310 натпревари, постигна 35 голови и додаде 42 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …