Oна што се најавуваше денес доби и официјална потврда, Рожерио Мораеш на крајот од актуелната сезона го напушта Вардар.
Заминувањето на Мораеш во унгарски Веспрем се најавуваше подолго време, а денес откако беа договорени сите детали тој потпиша договор со важност од две години и со опција истиот да биде продолжен на уште една.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мораеш во Вардар дојде како вишок од Кил каде што не успеваше да добие поголема минутажа. Сепак, за среќа на Вардар Раул Гонзалес му ја пронајде вистиснката позиција и беше еден од најважните членови на тимот на Вардар кој стана европски шампион.
Во Веспрем Мораеш ќе соработува со човекот кој во Скопје му беше десна на рака на Гонзалес, Давид Дејвис. Трансферот е реализиран токму по негово барање.
The Hungarian record champion has been strengthened with a Brazilian pivot, and a young Hungarian line player.
Read more on the link below.#AllReds #HandballCity #WeAreVeszprem https://t.co/2gOicZ1oEf pic.twitter.com/OaMC8xt7UA— VeszprémHandballTeam (@mkbveszpremkc) February 1, 2019