Дома Фудбал Англија Oфицијално: Ливерпул за помалку од 24 часа ќе игра два натпревари!

Oфицијално: Ливерпул за помалку од 24 часа ќе игра два натпревари!

Ливерпул потврди дека натпреварот од Карабао Купот против Астон Вила ќе го игра во декември оваа година.

Англискиот клуб имаше проблеми бидејќи поради згуснатиот распоред немаше слободен термин за одигрување на четвртфиналето од Карабао Купот против Астон Вила.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На крајот одлучено е да игра два натпревари за помалку од 24 часа на два континенти. Една екипа ќе игра на ФИФА клупското светско првенство во Катар, а друга против Астон Вила на 17-ти декември.

„Клубот сака да ја искористи оваа прилика за да нагласи дека ова не е идеално сценарио, но тоа е исходот кој е постигнат со најдобар интерес за натпреварувањата, нашите колеги клубови и нас самите“, соопштија од клубот.

Вакво нешто претходно не е забележано во фудбалот, па Ливерпул ќе биде првиот тим кој ќе одигра два сериозни официјални натпревари во толку краток временски период.

Секако, се претпоставува дека најдобрите играчи заедно со Клоп ќе одат за Катар додека резервите и помладите ќе добијат шанса во Бирмингем против Астон Вила.

Клоп претходно најавуваше дека Ливерпул може да се откаже од Карабао Купот ако распоредот не се промени, меѓутоа сега е јасно дека такво нешто нема да се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…