Toa што и се најавуваше во претходните денови денес доби официјална потврда – Кингсли Коман го продолжи договорот со Баерн Минхен.
Французинот успеа да договори одлични финансиски усслови и според новиот договор ќе заработува 17 милиони евра годишно. Претходниот договор на Коман истекуваше во 2023 година, а сегашниот има важност до 2027 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во редовите на Баерн Коман пристигна уште во 2015 година како позајмен играч од Јувентус за баварците да го откупат во 2017 година за 21 милион евра.
До сега за Баерн Коман одигра 217 натпревари, постигна 46 голови и запиша 52 асистенции. Со Баерн освои се што можеше да се освои. Повеќе платени од него сега во Баерн се само Роберт Левандовски и Мануел Ноер.
OFFICIAL: Kingsley Coman has signed a new contract at FC Bayern until 2027 pic.twitter.com/DLHy7FVGcs
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) January 12, 2022