Дома Фудбал OФИЦИЈАЛЕН СОСТАВ: Почнуваме со Пандев, Тричковски и Нестор!

OФИЦИЈАЛЕН СОСТАВ: Почнуваме со Пандев, Тричковски и Нестор!

Репрезентацијата на Македонија вечерва игра важен натпревар против Грузија во борба за првата позиција од групата во новата сезона од Лигата на Нации.

Македонија и Грузија се изедначени со по пет бода и ако некоја репрезентација вечерва освои три бода ќе биде на чекор од освојувањето на првото место кое носи промоција во Лига Б.

Селекторот Игор Ангеловски беше приморан да менува поради проблемите со повредени и суспендирани играчи, па ова е составот со кој се одлучи да стартува.

(3-5-2) Столе Димитриевски – Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Кире Ристевски – Стефан Ристовски, Бобан Николов, Тихомир Костадинов, Езѓан Алиоски – Горан Пандев, Иван Тричковски – Илија Несторовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Станојевиќ по четврти пат во Партизан, Петровиќ со силна порака за Илиќ

Александар Станојевиќ го наследува Саша Илиќ, а спортскиот директор Радосав Петровиќ порач…