Дома Трансфер зона Oткри ли братот на Погба премногу!?

Oткри ли братот на Погба премногу!?

Maтијас Погба тврди дека неговиот брат сака да го напушти Манчестер Јунајтед и верува дека тоа може да се случи пред да се затвори преодниот рок во Шпанија.

Пол Погба претходно изразуваше желба да си замине од Јунајтед, но тој и понатаму е член на англискиот гигант иако имаше најави дека ќе го облече дресот на Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неговиот постар брат со своите коментари само дополнително ги зголеми сомневањата дека Јунајтед може да остане без францускиот репрезентативец.

Зидан е еден голем тренер и мислам дека ако клубот му го пружи она што го сака нема да има проблеми. Секако дека Флорентино Перез може да го доведе (Пол Погба) во животот ништо не е невозможно. Мислам дека тој не вреди 200 милиони евра, но сега е така и Манчестер Јунајтед сигурно ќе бара некој голем износ оштета“

„Тоа е осетлива ситуација, но играчот има свои цели. Пол му недостасува на Зидан, до 2-ри септември може се да се случи. Не можам со сигурност да ви кажам дека Погба ќе остане во Манчестер. Знам дека сакаше да замине. Чека тоа се реши. Сонот на мојот брат е да ја освои Лигата на шампионите“, изјави Матијас Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…