Дома Македонски спорт Oткако му пропадна трансферот во Монца, Лука Станковски може да заврши во Португалија!

Oткако му пропадна трансферот во Монца, Лука Станковски може да заврши во Португалија!

Трансферот на Лука Станковски во Монца дефинитивно пропадна, италијанскиот клуб имаше потврда, но поради некои причини истиот не се реализираше. Сега Станковски се поврзува со нов голем клуб.

Португалската „А’Бола“ пренесува дека за 18 годишниот играч од средниот ред на Работнички интерес покажала Брага.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во текстот се наведува дека Станковски во Брага би бил замена за Али Мусрати кој ќе замине од португалскиот клуб.

Станковски на мета на европските клубови се најде откако минатата сезона во 26 натпревари за Работнички постигна осум гола и подели пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…