Најпопуларната ММА организација во светот доби одлични вести.
Еден од најдобрите тешкаши на сите времиња Каин Веласкуез (14:2) е спремен да се врати во октагон и многу брзо може да биде спремен и за борба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каин поради серијата повреди мораше да оди на привремена пауза. Не се бореше од јули 2016 година кога го нокаутираше Тревис Броун, но сега се е спремно за враќање на 36 годишниот „крал“ на тешката категорија.
Информацијата за враќање ја потврди неговиот пријател и тренинг партнер Џош Томпсон.
„Каин е спремен за борба. Без проблеми тренира и може да се бори. Се е прашање до договор со УФЦ кој ќе мора да му понуди вистински услови. Нема премногу големи борци во тешка категорија. Единствениот борец во овој момент кој може да му парира на Каин е Стипе Миочиќ. Единствен кој може да го одведе до крајни граници. Сигурно нема да се бори со Кормиер бидејќи се големи пријатели. УФЦ знае дека Каин е вистинскиот човек и дека со себе носи голем интерес“, порача Томпсон.
Во ММА кариерата Каин доживеа порази од Жуниор Дос Сантос и Фабрисио Вердум.