Дома Македонски спорт Oдлични вести: Бобан Николов доби негативен тест!

Oдлични вести: Бобан Николов доби негативен тест!

Oдлични вести добива новиот селектор на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски – Бобан Николов добил негативен тест на коронавирус и ќе се стави на располагање.

Николов пред пет дена доби позитивен тест, но за среќа брзо го победи вирусот и вечерва треба да пристигне во Скопје, а утре да се приклучи на подготовките на националниот тим.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ќе потсетиме, Милевски во составот дополнително го повика Јани Атанасов поради повредата на Аријан Адеми.

Утре репрезентацијата на Македонија ќе го има првиот собир пред дуелите со Ерменија, Ислан и Романија. Ова ќе бидат први натпревари на селекторската позиција за Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Роналдо го доби Јувентус на суд, ќе добие 19 милиони евра

Кристиано Роналдо го доби судискиот спор против неговиот поранешен клуб Јувентус за неиспл…