Mанчестер Јунајтед веќе на големо започна да ја составува листата на играчи кои би можеле да пристигнат на „Олд Трафорд“ во летниот преоден рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Секако главниот збор во врска со засилувањата го има Жозе Мурињо, а на новата листа се најде името на играчот од средниот ред на Вотфорд Абдулај Дакур.
Францускиот фудбалер игра навистина импресивно во дресот на Вотфорд и поради тоа привлече големо внимание на себе. 25 годишниот Дакур на „Олд Трафорд“ би можел да го замени Маруан Фелаини кој се очекува да го напушти тимот.
Оваа сезона Дакур одигра 30 натпревари за Вотфорд и постигна дури седум погодоци. Покрај Јунајтед се поврзуваше уште со Ливерпул, Арсенал и Тотенхем. Во Вотфорд пстигна во 2016 година, а во кариерата играше уште за Гранада и Рен.