Легендарниот голман, Петар Шмајхел се соочи со големи непријатности и тоа во земјата каде што во летото кое е пред нас ќе се игра Светското првенство – Русија.
Имено, легендарниот голман, а сега прилично успешен и популарен ТВ презентер остана без опрема вредна околу 36.000 евра!
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Инцидентот се случил во Самара за време на снимањето емисија во тој град. Данскиот ас, познатиот чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед прави емисии во сите градови кои ќе бидат домаќини на навивачите и фудбалерите во текот на Мундијалот.
Ова е прв голем проблем на кој наиде за време на снимањето на емисиите.
Во целата ситуација можеби има и нешто добро. Имено, инцидентот се случи неколку месеци пред стартот на Мундијалот, па руските власти имаат доволно време да се подготват за евентуални нови непријатности.