Дома Фудбал Италија Oва се пет причини зошто Јувентус е голем фаворит за Скудетото

Oва се пет причини зошто Јувентус е голем фаворит за Скудетото

Сезоната во Серија А ќе продолжи, а голем дел од спортската јавност не му дава шанси на Лацио иако разликата со Јувентус е само еден бод.

Италијанците се спремни за продолжување на сезоната и едвај чекаат да му се вратат на фудбалот. Се најавува дури и дека до крајот на сезоната со одредени мерки би можеле да видиме и навивачи на трибините.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лацио чека своја шанса, овој тим е во најдобра позиција после една деценија и се бори за титулата. Заостанува еден бод, тука е Интер, но после поразот од Јувентус пред прекинот на сезоната „нероаѕурите“ како да го загубија чекорот.

Медиумите во Италија се занимаваат со шансите и сметаат дека Јувентус има далеку најголеми шанси и објавија пет причини поради кои „старата дама“ е во предност:

1. Јувентус има победнички менталитет. Тие многу пати беа во ваква ситуација, против Наполи пред неколку сезони, но и против Милан кога ја почнуваа доминацијата. Во ваква ситуација секогаш додаваа гас и ривалите не можеа до крај да ги следат. Тој победнички менталитет Лацио го нема, иако Јувентус два пати беше поразен од нив сезонава. Еднаш во Суперкупот и еднаш во првенството.

2. Лацио ја изгуби основата предност на која сметаше во вториот дел од сезоната, дека Јувентус ќе биде на три фронта. Вака купот ќе биде завршен, а потоа имаат десет дена одмор до продолжување на сезоната, а по крајот на сезоната ќе им следи Лигата на шампионите.

3. Јувентус има поголем избор на играчи во ситуација кога ќе се игра во забрзан систем. Тоа е проблем за Лацио. Ривалот има два тима и кваитет на клупата, додека Римјаните може да останат без сила кога ќе се решава битката за Скудетото.

4. На ова додадете ги и петте измени, значи Сари не само што може да го комбинира тимот и во текот на натпреварот може да ги дозира играчите, да ги распореди минутите. Лацио и се бунеше поради ваквата одлука, тврдеа дека правилата не можат да се менуваат. Но, ова беше одлука за сите првенства, не само за Серија А.

5. И на крај, распоредот. Лацио има еден натпревар помалку против тимовите од горниот дел, односно Јувентус треба да игра против Милан, Аталанта, Лацио и Рома како и градското дерби со Торино.

Интер?

Имаат натпревар помалку ако го добијат Сасуоло ќе бидат на -6, имаат најдобар распоред и до крајот од потешките ривали играат со Наполи Рома и Аталанта, но сеедно тешко дека можат да се вратат во трката.

Сето ова укажува на тоа дека Јувентус е голем фаворит за титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…