Eден од двата дијамантски прстени кои Коби им ги поклони на родителите е продаден на аукција за 200.000 долари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Трагично настраданата НБА легенда во 2000 година купи два идентични прстени, реплики на шампионскиот прстен од таа сезона и нив ги поклони на неговите родители.
Неговата мајка Памела во 2013 година го продаде прстенот, а тој неодамна повторно се најде на аукција и достигна вредност од повеќе од 200.000 долари.
Почетната цена беше 15.000 долари. Вредноста растеше со понудите и на крај дојде до нешто повеќе од 200.000 долари.
Со прстенот имаше и доказ дека е автентичен, документ потпишан од неговата мајка при првата продажба. Наскоро се очекува и вториот прстен да се најде на аукција.

