Бразилските телевизии „Рекорд“ и „Глобо“ стигнаа до разговорот помеѓу Нејмар и девојката Најила Тринидаде која го обвинува за си*ување.
Пораките кои ги поседуваат бразилските телевизии датираат од 16-ти мај, а обвинувањата на Најила дека нападот врз неа се случил на 15-ти, еден ден порано.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Разговорот помеѓу Нејмар и Најила оди вака:
Најила: (17:15): Одам да спијам, се е во ред? Не доаѓаш и правиш неред, оставајќи ме да чекам“
Нејмар (17:15): Доаѓам за 15 минути. Бев спремен хахаха
Најила: (17:15): Нема да се омажам
Нејмар (17:16) Хахаха, фала Богу.
Најила тогаш му испраќа порака дека го чека во собата 203, а разговорот продолжува точно еден час подоцна.
Нејмар (18:16): Без оглед на тоа што ми направи, остани таму.
Најила (18:24): Сакам да заминам. Тоа е тоа.
Нејмар (18:24): Во ред.
Потоа Најила му испраќа фотографика од модринки и сугерира на грубост на Нејмар.
Најила (18:26) : Можеш да ме блокираш. Јас ќе исчезнам и се ќа заврши…Не можам да објаснам.
Нејмар (18:27): Опушти се е во ред.
Најила (18:30): Можеш ли да ми средиш лет за утре наутро, јави ми те молам.
Нејмар (18:37): Добро, ќе средам.
Најила (18:40) : Типот кој денес го запознав не беше ист како оној вчера.
Нејмар (18:41): Не ме познаваш добро, јас сум нормален.
Најила (18:41): Сите сме.
Нејмар (18:42): Тоа вчера беше брзо немавме време за разговор. И денес го променивме мислењето.
Најила (18:44): Можеби Бев возбудена што те запознав…Вчера се случуваше брзо…Ги видов тие модрици утрово. Едвај прозборевме вчера, беше вознемирен.
Нејмар (18:45): Но, за тие модрици самата си виновна, бараше и повеќе…
Најила (18:46): Дали си луд? Те замолив да запреш и дури се извини.
Нејмар испраќа замислен емонтикон.
Најила (18:47): Како и да е ти се уште си Нејмар, а јас сум една од девојките во низата.
Најила (21:24): Ако си ги испратил тие фотографии на некого ќе те замолам да му кажеш да ги избрише не сакам нешто да ме поврзува со твоето име.
Нејмар (21:27): Никогаш не би направил такво нешто.
Најила (21:42): Знаеш добро што направи и како ме третираше. Дури и ако не се открие никогаш ти длабоко во себе ќе знаеш дека тоа се случило. Бог е голем и него не можеш да го купиш со пари. Се надевам дека никогаш нема да ги почуствуваш болките кои јас ги почуствуав на ова патување. Она што најмногу ме плаши е што мислиш дека е се добро. Твојот мозок работи добро, но немаш срце. Сеедно, веќе не ми е гајле. Ќе земам колку што можам лекови за да заборавам дека некогаш сум била тука“.