Дома Фудбал Италија Oфицијално соопштение од Јувентус за ситуацијата со Роналдо

Oфицијално соопштение од Јувентус за ситуацијата со Роналдо

0
ronaldo

Кристиано Роналдо вчера заработи повреда во натпреварот помеѓу Португалија и Србија, а навивачите на „старата дама“ стравуваа дека Португалецот може да ги пропушти натпреварите против Ајакс во Лигата на шампионите.

Роналдо после вчерашниот натпревар самиот даде оптимистичка изјава во која порача дека според него за десетина дена ќе биде максимално спремен.

„Не сум загрижен, ниту исплашен за повредата. Ова е фудбал и се случуваат такви работи. Јас добро го познавам моето тело и верувам дека за две недели ќе бидам целосно опоравен“, изјави Роналдо вчера во микс зоната.

Денес со соопштение за повредата на првата ѕвезда на тимот излезе и лекарскиот тим на „старата дама“. Во краткото соопштение за јавноста се наведува дека кај Роналдо после прегледите е констатирана ситна повреда и дека дополнителни информации ќе има во наредните денови.

„Неговата состојба ќе биде следена и дополнително ќе направиме нови прегледи после кои ќе можеме да потврдиме кога точно ќе биде спремен за настап“, стои во соопштението.

Ако прогнозите на Роналдо дека за десет дена ќе биде спремен се покажат како точни значи дека во Јувентус немаат потреба за грижа. Првиот натпревар против Ајакс се игра на 10-ти април, додека реваншот е закажан за шест дена подоцна. Јувентус е фаворит во тој двомеч и се надева на полуфинале во Лигата на шампионите.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лидс му понуди на Тоти да се врати од пензија и да заигра за нив

Лидс Јунајтед минатата недела потврди дека сака да го доведе искусниот голман Буфон чиј до…