Дома Македонски спорт Мак фудбал Oфицијално: Ренова се откажа од играњето во ПМФЛ!

Oфицијално: Ренова се откажа од играњето во ПМФЛ!

Како и што се најавуваше екипата на Ренова следната сезона нема да се натпреварува во ПМФЛ.

Имаше надежи дека „гипсарите“ ќе добијат австриски инвеститор кој ќе ги спаси во последен час, но ништо не испадна. Така Ренова после цели 17 години во елитата следната сезона нема да ја гледаме во најсилната конкуренција.

Во изминатите 17 години Ренова важеше за еден од најстабилните македонски прволигаши, а еднаш беше и шампоион на Македонија, го освои и Купот на Македонија и неколку пати играше во европските квалификации.

По ова е јасно дека македонската прва лига која стартува следниот викенд ќе продолжи со 11 клубови. Со 11 клубови секој викенд ќе има по една слободна екипа, а ќе испадне една екипа. Ренова според пропозициите ќе мора да продолжи од најнизок ранг, но засега не е познато ни дали клубот ќе постои.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Мајсторија каква ретко се гледа: Ова е најубавиот гол во Лигата на нации🎥

19-годишниот словенски репрезентативец Бенџамин Шешко уште еднаш покажа дека е еден од нај…