Дома Фудбал Oфицијално: Продолжена суспензијата во Премиер лигата!

Oфицијално: Продолжена суспензијата во Премиер лигата!

Фудбалската асоцијација на Англија донесе одлука да ги одложи сите натпреварувања до 30. април.

ФА оваа одлука ја донесе на состанокот на клубовите, па така сега и официјализирано дека на фудбалот нема да има фудбал уште повеќе од еден месец.

Секако, постои можност и за дополнително поместување ако пандемијата со коронавирусот во Велика Британија потрае.

Исто така донесена е одлука дека не е обврзувачки првенството да заврши во јуни, па Премиер лигата би можеле да гледаме и во јули.

Претходно првенството беше суспендирано до почетокот на април, меѓутоа јасно е дека услови за продолжување тогаш нема да има. Се очекува слична одлука да биде донесена и во останатите првенства.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата Лига на нации носи пет ривали, но Македонија прво мора да го зачува рангот

Од 2028/29 Лигата на нации ќе има три ранга и поинаков распоред на противниците. За Македо…