Дома Фудбал Oфицијално: Поранешениот селектор на Италија нов тренер на Пандев во Џенова

Oфицијално: Поранешениот селектор на Италија нов тренер на Пандев во Џенова

Поранешниот селектор на Италија Чезаре Прандели од денес и официјално е нов тренер на Џенова.

Џенова за која настапува македонската фудбалска икона Горан Пандев вчера го отпушти Иван Јуриќ после серијата лоши резултати. Ситуацијата во еден од најстарите италијански клубови кулминираше со вчерашниот пораз од третолигашот Ентела во италијанскиот куп.

Денес официјално во клубот е претставен Чезаре Прандели.

prandeli

„Многу сум мотивиран и со нетрпение чекам да започнам со тренинзи и натпревари“, прокоментира Прандели на претставувањето.

Прандели во својата кариера како тренер ги водеше Парма, Рома, Фиорентина, репрезентацијата на Италија, Галатасарај и Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Динамо со нов тренер во Англија: Леко бара пресврт против Сандерленд

По поразот од Рудеш и разделбата со Марио Ковачевиќ, Динамо гостува кај Сандерленд во Лига…