Дома Македонски спорт Oфицијално: Миркуловски оди во пензија и станува тренер во Вецлар

Oфицијално: Миркуловски оди во пензија и станува тренер во Вецлар

Филип Миркуловски на 12. јуни ќе го одигра последниот натпревар во кариерата. Еден од најборбените ракометари кои Македонија ги имала потврди дека заминува од професионалното играње ракомет и ќе продолжи како тренер.

Последниот натпревар Миркуловски ќе го одигра против Минден на домашен терен и тоа ќе биде прилика за збогување со публиката.

„Среќен сум што ќе останам во Вецлар и по завршувањето на сезоната. Благодарен сум што добивам шанса да се развивам како тренер и со нетрпение чекам да соработувам со Матшке кој е одличен тренер. Следната сезона ќе го имаме еден од најмладите состави во Бундеслигата и ќе се обидам да помогнам со своето искуство“, изјави Миркуловски.

Миркуловски во Вецлар е од 2015 година, претходно беше дел од Хановер каде што помина една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Официјално: Филип Антовски нов играч на Истра

Филип Антовски со цел да добие поголема минутажа ја напушти Австрија Виена и како позајмен…