Дома Фудбал Германија Oфицијално: Бурки и Борусија ја продолжија соработката

Oфицијално: Бурки и Борусија ја продолжија соработката

Голманот на Борусија, Роман Бурки го продолжи договорот со клубот до јуни 2023 година.

Бурки во Борусија пристигна летото 2015 година и брзо се промовираше како прв избор помеѓу стативате. Претходно беше го чуваше голот на Фрајбург, Грасоперс, Шафхаузен, Тун и Јанг Бојс.

Договорот на Бурки истекуваше во јуни 2021 година, а клубот се реши да му го продолжи за уште ве сезони.

„Удобно ми е во Борусија и чувствувам дека управата има доверба во мене како и тренерот и соиграчите“, изјави Бурки по продолжувањето на соработката.

Оваа сезона тој успеа својата мрежа да ја зачува на 12 натпревари.

Претходно овој голман се поврзуваше со Челзи како замена за Кепа Аризабалага, меѓутоа сега јасно е дека нема да видиме заминување на Бурки.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Неверојатни бројки: Рамос е подобар од Фиго, Чави, Роналдињо и Зидан!

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е жива легенда, иако е стопер, сепак се однесува ка…