Откако пред неколку дена Твитер профилот на Барселона беше мета на хакерски напад рано утрово со сличен „проблем“ се соочи и Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Да потсетиме, при хакирањето на профилот на Барселона, хакерите го доведоа Анхел Ди Марија на „Ноу Камп“, сега повторно беа во акција, а со ова веројатно сакаа да покажат колку е лоша безбедноста на интеренет.
Како што споменавме, тие рано утрово го превземаа Твитер профилот на Реал Мадрид и му посакаа добродојде на Лионел Меси и тоа на неколку јазици. Исто така го продадоа и Карим Бензема.
Верувале или не, според бројот ретвитови, додека од клубот не се огласија и порачаа дека се работи за хакерски напад, голем број луѓе поверуваа дека Лионел Меси е нов фудбалер на „кралевите“.
