Дома Останати Кошарка НБА Oва е прстенот кој Коби го подари на неговата мајка и кој сега се продаде за 200.000 долари (ФОТО)

Oва е прстенот кој Коби го подари на неговата мајка и кој сега се продаде за 200.000 долари (ФОТО)

Eден од двата дијамантски прстени кои Коби им ги поклони на родителите е продаден на аукција за 200.000 долари.

Трагично настраданата НБА легенда во 2000 година купи два идентични прстени, реплики на шампионскиот прстен од таа сезона и нив ги поклони на неговите родители.

Неговата мајка Памела во 2013 година го продаде прстенот, а тој неодамна повторно се најде на аукција и достигна вредност од повеќе од 200.000 долари.

Почетната цена беше 15.000 долари. Вредноста растеше со понудите и на крај дојде до нешто повеќе од 200.000 долари.

Со прстенот имаше и доказ дека е автентичен, документ потпишан од неговата мајка при првата продажба. Наскоро се очекува и вториот прстен да се најде на аукција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ ја прекина серијата на Нетси, одлична ноќ и за Јокиќ

Серијата на Бруклин од осум победи во низа и дојде крајот, а “виновен“ е одличниот Лука До…