Италијанските медиуми ги објавија казните за сите фудбалери во Наполи.
Во Наполи владее вистински хаос откако фудбалерите после натпреварот со Ливерпул не ја послушаа наредбата на Де Лаурентис и место во карантин се упатија во своите домови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од тогаш настанаа низа проблеми во Неапол, а италијанските медиуми денес ги објавија казните за сите играчи на Наполи кои се во зависност од нивните примања.
Вкупната сума која играчите ќе ја исплатат на клубот е 2.3 милиони евра. Најлошо помина еден од предводниците на бунтот Лоренцо Инсиње кој е казнет со 350.000 евра на месечно ниво, зад него следи Алан (250.000), па Кулибали (230). Висока казна доби и Ирвинг Лозано кој ова лето потпиша за клубот од Неапол (175.000).
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас во Наполи заработува околу 1.3 милион евра годишно или скоро 110.000 евра месечно. Елмас ќе мора да плати со половина плата, односно 57.000 евра.