Дома Фудбал Њукасл во ист ден продаде фудбалер за 150 и купи друг за 63,5 милиони евра

Њукасл во ист ден продаде фудбалер за 150 и купи друг за 63,5 милиони евра

Њукасл го продаде Александер Исак во Ливерпул за 150 милиони евра и веднаш го договори доаѓањето на нов напаѓач. Исак би требало да го замени Јоане Виса, кој доаѓа во Њукасл од Брентфорд во трансфер вреден 55 милиони фунти (околу 63,5 милиони евра).

Виса за Брентфорд одигра 149 натпревари и постигна 49 гола, а беше извонреден минатата сезона, кога во Премиер лигата постигна 19 голови и асистираше за пет.

Покрај со неговото купување, Њукасл заминувањето на Исак планира да го компензира и со доведувањето на Ник Волтмејд од Штутгарт, кој чини дури 85 милиони евра.

Фото: Њукасл/ФБ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борнмут не знае за доста: Шест победи по ред, ниту еден примен гол!

Борнмут го совлада Лидс со 2-0 и ја продолжи извонредната серија. Трафорд му подари гол на…