Дома Останати Тенис Новиот папа се сретна со Синер и доби подарок (Видео)

Новиот папа се сретна со Синер и доби подарок (Видео)

Ватикан објави дека папата Лав XIV го прими најдобриот тенисер во светот, Италијанецот Јаник Синер, кој му подари тениски рекет и му понуди да одиграат натпревар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лав XIV, првиот Американец на чело на Римокатоличкиот центар, е голем љубител и активен играч на тенис.

Оваа недела папата изјави дека би бил подготвен да учествува во хуманитарен тениски меч и на шега рече: „Но, не можеме да го повикаме Синер“ – алудирајќи на значењето на неговото презиме на англиски: грешник.

Синер по средбата на слободниот ден на мастерсот во Рим рече дека е добро за тенисерите што папата го сака овој спорт.

Италијанскиот тенисер на мастерсот во Рим во четврток го чека дуел против подобриот од мечот помеѓу Каспер Руд и Жаума Мунар.

Синер се обидува да стане првиот Италијанец што освоил титула во Рим од времето на Адријано Паната во 1976 година.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…