Дома Останати Ракомет Ракометарките нема да одат на Светско првенство, Полска повторно подобра

Ракометарките нема да одат на Светско првенство, Полска повторно подобра

Македонската женска ракометна репрезентација не успеа да се квалификува на Светското првенство, откако беше поразена од Полска на домашен терен со резултат 21-23.

Првото полувреме беше неизвесно, каде што Полска беше тимот кој најчесто водеше, а на полувремето резултатот беше 10-10.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во второто полувреме, Полска постојано имаше предност од еден или два гола, додека Македонија успеваше неколку пати да изедначи.

Кај Македонија, најефикасна беше Катерина Дамјановска со постигнати пет голови. На страната на Полска, Балсам беше на врвот со седум голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Познат составот на Македонија: Грчевски ги избра ракометарките за мечот со Полска (Фото)

Македонската женска ракометна репрезентација денеска ќе ја има тешката задача во Битола да…