Дома Фудбал Нова информација од Шпанија: Модриќ отпишан во Мадрид

Нова информација од Шпанија: Модриќ отпишан во Мадрид

Според информациите објавени од угледниот новинар Мигел Анхел Дијаз од радиостаницата Копе, Реал Мадрид одлучил да не го продолжи договорот со Лука Модриќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Одлуката доаѓа директно од клубот, а не од идниот тренер Чаби Алонсо, кој ќе го наследи Карло Анчелоти.

Ако ништо не се промени, Модриќ би можел да се прости од дресот на кралскиот клуб оваа сабота на стадионот Сантијаго Бернабеу, на натпреварот против Реал Сосиедад, кој ја затвора сезоната на Ла Лига.

Модриќ имаше надеж дека ќе остане во клубот до својот 40-ти роденден, но Реал, изгледа, има други планови. Клубот нема официјално да го соопшти неговото заминување во текот на следните денови – фокусот ќе биде исклучиво на заминувањето на Анчелоти. Модриќ би можел лично да го најави збогувањето, додека според информациите на новинарот Дијаз, збогувањето е планирано за сабота.

Во претходните сезони, Реал му нудеше едногодишни договори, обично пред самиот крај на сезоната, а неговата плата истовремено постепено се намалуваше. Од 12,1 милиони евра во сезоната 2019/20, паднала на 10,5 милиони во 2023/24. Минатото лето се согласи на дополнително намалување – за половина помала плата во споредба со претходната сезона, сакајќи да остане дел од екипата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За првпат Македонија Светско првенство во фудбал нема да гледа на МРТ!

За помалку од еден месец стартува Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мек…