Дома Фудбал Нов трејд во НБА: Богдановиќ се пресели во Лос Анџелес

Нов трејд во НБА: Богдановиќ се пресели во Лос Анџелес

Атланта Хокс го испратија Богдан Богдановиќ и дури три пика од втората рунда во Лос Анџелес Клиперси за Теренс Мен и Баунс Хајланд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За триесет и двегодишниот Богдановиќ ова ќе биде третиот НБА тим во кариерата, по Атланта, настапуваше и за Сакраменто Кингс.

Во тековната сезона играше многу послабо од претходните, постигнувајќи само десет поени, 2,8 скока и две асистенции по натпревар, со многу лоши 37 проценти на шут од игра, за 25 минути на паркетот.

Последниот натпревар за Хокси го одигра на 26 јануари и веќе долго време се очекуваше да биде разменет, а Атланта воедно се ослободи и од крилото Диандре Хантер, кој отиде во Кливленд Кавалирс.

Богдановиќ сега треба да им помогне на Клиперси да се пласираат во плејофот, а се очекува да биде еден од значајните играчи во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено зошто Меси плачеше на натпреварот

Лионел Меси го постигна својот прв хет-трик на Светските првенства во својата 38. година в…