
Фудбалерот на Болоња, Ден Ендој, наскоро ќе биде нов член на Нотингем Форест, откако англискиот клуб постигна договор за трансфер вреден 40 милиони евра.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Фиксниот дел од отштетата ќе биде толкава сума според договорот помеѓу двата клуба, додека Болоња може дополнително да добие до три милиони во бонуси и процент од идна продажба.
Оваа вест прв ја објави италијанскиот Скај Спорт.
Тоа е цифра што шампионот на Италија и конкурент на Форест – Наполи – не сакаше да ја плати.
Ендој веќе има постигнато договор за лични услови и со Наполи и со Форест. Овој крилен напаѓач е 24-годишен и се очекува неговото доаѓање на Сити Граунд како замена за Антони Елaнга, кој се приклучи на Њукасл.
Швајцарскиот репрезентативец постигна девет голови и имаше шест асистенции на 41 натпревар за Болоња минатата сезона, а исто така имаше голем удел во освојувањето на Купот на Италија, со победата против Милан во финалето.
Предходно, Ендој настапуваше и за Базел, Ница и Лозана.