Дома Моторспорт Норис се потсети на најемотивниот момент во кариерата – паднаа и солзи

Норис се потсети на најемотивниот момент во кариерата – паднаа и солзи

Седум дена по незаборавната победа пред домашната публика, Ландо Норис сè уште ги собира импресиите. Британскиот возач на McLaren ја отвори душата за емоциите што ги доживеа на Силверстоун. Вели дека тоа беше повеќе од сон – тоа беше исполнување на детството.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Недела по остварувањето на она што го сонувал како дете, Ландо Норис се осврна на триумфот на кариерата – победата на домашната Голема награда на Велика Британија.

На култниот Силверстоун, пред стотици илјади британски навивачи, Норис конечно застана на највисоката скала на победничкиот подиум.

Тоа беше трка потопена во дожд, драматична, но за него – најпосебна.

Во моментот кога ја премина целната линија, емоциите го преплавија, а сега, со временско растојание, вели дека полека почнува да сфаќа што навистина постигнал.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Хаос и лудница во Монако, Леклер се заби во ѕид – Антонели испиша историја!

Деветнаесетгодишниот Кими Антонели стигна до победа на Гран при на Монако во болидот на Ме…