Дома Фудбал Нивниот татко беше легенда на Манчестер јунајтед, а тие играат за различни репрезентации и – се капитени!

Нивниот татко беше легенда на Манчестер јунајтед, а тие играат за различни репрезентации и – се капитени!

Тајлер и Џек Флечер се браќа близнаци за кои допрва ќе слушаме во светот на фудбалот, а интересно е тоа што синовите на легендата на Манчестер Јунајтед играат за две различни репрезентации.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер, кој скоро 14 години играше за клубот од Олд Трафорд, во 2007 година доби синови, Џек и Тајлер, близначиња кои блескаат во младинските категории.

Двајцата фудбалери пораснаа и сега чукаат на вратата на сениорскиот фудбал. Играат за младинскиот тим на Манчестер Јунајтед и е само прашање на време кога ќе заиграат и за сениорскиот тим на Олд Трафорд.

Но, што е интересно во оваа приказна, дека двајцата фудбалери играат за различни репрезентации и се капитени на нивните репрезентации.

Дарен Флечер е Шкотланѓанец и играше за репрезентацијата на својата земја, но неговите синови имаат различни ставови.

Тајлер Флечер одлучи да игра за Шкотска, додека Џек Флечер ја промени својата одлука и дресот на Шкотска го замени со тој на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…